HTC наводно одлучил да го напушти развојот на наследникот на својот актуелен флегшип модел HTC U12+ во вид на HTC U13, кој требаше да се појави напролет.

Наместо него, тогаш треба да се очекува некој засега неспецифициран уред од средна категорија. До крајот на идната година, би требало да се појави уште еден уред, овој пат од повисока категорија, за кој исто така засега не е познато речиси ништо.

Она што е познато е дека тоа ќе биде уред со целосно нов концепт и дека можеби ќе и припаѓа на целосно нова серија мобилни уреди. HTC би можел да се потпре на потесен круг корисници и не би ги следел актуелните трендови присутни на пазарот на high-end мобилните уреди.

Сето ова е резултат на финансиските проблеми на HTC и падот на уделот на пазарот на паметни телефони на само 1 процент, што бараше темелна ревизија на плановите и иднината што се однесува до одделот за мобилни уреди.