Hyundai Tucson е прогласен за автомобил на годината во Македонија. Тој е избран во конкуренција со уште седум автомобили кои влегоа во потесниот круг на националниот избор.

Во финалето влегоа „BMW iX“, „Dacia Sandero“, „Honda Jazz“, „Kia Sorento“, „Opel Mokka“, „Toyota Yaris Cross“ и „Volkswagen ID.3“.

обедникот ќе добие стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, што се доделува од самиот почеток на изборот.

„Четвртата генерација на Tucson прави значаен технолошки исчекор во однос на својот претходник. Новата платформа овозможува вградување на бензински и дизел мотори, но што е многу позначајно, таа може успешно да одговори на еколошките барања поради можноста за вградување на електрифицирани погонски единици. Уште еден од важните предуслови кои одат во прилог на победникот е извонредниот ценовен однос на квалитетот и опременоста спрема вложените средства“, стои во образложението.

Покрај националното жири, годинава право на глас имаше и публиката која гласаше онлајн.

При изборот, стручното жири се раководеше од шест критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и Конфор и опременост.

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржа по 27. пат.