Во текот на CES 2020 саемот, Nvidia го прикажа „најбзиот светски“ e-sports дисплеј – ASUS ROG Swift 360 мониторот со стапка на освежување од 360Hz. Во текот на својот вчерашен настан, Acer го најави нов супербрз монитор, а Acer Predator X25 може да се пофали со иста стапка на освежување од 360Hz, која е поддржана од Nvidia.

Predator X25 е дизајниран за професионален гејминг и тренинрање. На играчите ќе им овзоможи исклучително ниска латенција и флуидна анимација. Со стапка на освежување од 360Hz, фрејмовите во игрите се прикажуваат на секои 2,8 милисекунди. Само за споредба, претходникот на Predator X25 нудеше максимално освежување помеѓу 120Hz и 240Hz.

Мониторот од 24,5 инчи на Acer пристигнува со Nvidia G-Sync процесор, дизајниран за да го елиминира цепењето на екранот. Predator X25 е и еден од првите монитори што ќе го имплементира Reflex Latency Analyzer на компанијата. Оваа алатка за мерење на латенција им нуди на гејмерите информации за перформансите на нивниот маус, PC и монитор.