Причините поради кои одредени веб-прелистувачи се побрзи од останатите можеме да ги поделиме во две групи: технички и оние на кои влијаат самите корисници.

Некои аспекти на нивната брзина на работа се однесуваат на тоа како ги користите. Ова се најчестите проблеми со кои можете да се позанимавате веднаш.

1. Надградби

Генерално гледано, најновото издание на интернет прелистувачот би требало да биде и најбрзо, но и најсигурно. Затоа редовно и ажурно инсталирајте го софтверските надградби.

2. Додатоци и екстензии

Плаг-ините, екстензиите и додатоците можат да го направат интернет прелистувачот покорисен, но и да ја забават неговата работа. Поради тоа, нивниот број одржувајте го неопходен минимум.

3. Податоци за сурфање

Интернет браузерите собираат огромна количина податоци за тоа како ги користите. Помеѓу останатот, во нив се наоѓа историјата на прабарување, “колачињата”, белешките за преземање на фајлови и многу други работи. Тука се и постојано растечките кеш фајлови.

Ако редовно го чистите она што не ви е потребно во вашиот прелистувач, многу веројатно е тој да “продише”, односно да работи побрзо.