BrainGate2 може да помогне во подобрување на животот на луѓето, кои се парализирани или страдаат од некоја невролошка болест.
Имплантот наречен BrainGate2 е систем од електроди кој во суштина ги преведува мислите во текст. Со помош на овој имплант, овозможено е три парализирани лица од вратот надолу да користат немодифицирани таблети за пребарување на интернет, пишување на пораки до пријателите и стриминг на музика.
Овие резултати можат да помогнат во подобрување на животот на луѓето, кои се парализирани или страдаат од некоја невролошка болест.
BrainGate 2 се заснова на низа микро-електроди имплементирани во мозокот, кои можат да ги декодираат невронските сигнали кои се поврзани со намерата на придвижување на удовите во реално време.
Три лица кои учествувале во овој експеримент имале поставени импланти преку еден дел на својот мортален кортекс (дел од мозокот кој помага во контролирање на движењата).
Имплантот ја детектирал невронската активност, која покажа дека размислуваат за поместување на курсорот на екранот. Овие нервни сигнали потоа се испратени до виртуелно глувче кое е спарено безжично со таблет. Учесниците, на тој начин, биле во можност да ги извршуваат заедничките дигитални задачи, како што е пребарување и стриминг на музика, користејќи ги само своите мисли. Една учесничка во тестот дури и отсвирела дигитален клавир. На истражувачите им рече “Таблетот ми стана втора природа, многу интуитивна”.
Самата технологија не е нова, бидејќи е присутна неколку години. Она што е интересно за оваа посебна итерација е тоа што на корисниците им овозможува навигација на целосно немодификуваните уреди, земени од полиците на продавниците, без никакви промени или посебни карактеристики. Ова откритие покажува дека технологијата навистина може да се искористи за да им се врати мобилноста и комуникациската независност на оние, кои инаку имаат ограничена контрола без потреба за скапа опрема.
Поврзани артикли