Компанијата SpaceX претстави ново ниво на својата сателитска интернет услуга Starlink која носи поголема брзина на интернет, но и повисока цена.

Станува збор за Starlink Premium пакет, кој нуди брзини на интернет помеѓу 150 и 500 Mbps со латентност помеѓу 20 и 40 милисекунди.

Се работи за зголемување на брзината на интернетот за 50 до 250 Mbps со истата латенција, а брзината на преземање е зголемена од 10 на 20 Mbps во стандардниот пакет и 20 на 40 Mbps во пакетот Premium.

За да се подобрат перформансите, корисниците ќе плаќаат речиси двојно повеќе. Starlink Premium чини 500 долари месечно, додека стандардниот пакет чини 99 долари месечно. Корисникот плаќа и 2.500 долари за антената и другиот хардвер во споредба со 499 долари во случајот на стандардниот пакет, а потребен е депозит од 500 долари за да се резервира Premium Plate.

Новата услуга ќе работи подобро при „екстремни временски услови“ и претплатниците ќе имаат предност при 24/7 поддршка. Ова веројатно ќе биде единствената опција за брз интернет во многу оддалечени места во светот каде дополнителната отпорност на вода може да биде многу корисна.

SpaceX најави дека Starlink ќе излезе од бета минатиот октомври, а неодамна претстави нова правоаголна сателитска антена која е многу помала и потенка од тркалезната. Премиум антената е поголема за да обезбеди соодветни перформансим дури и во периоди на голем сообраќај.

SpaceX лансираше повеќе од 2.000 Starlink интернет сателити до средината на јануари, а 1.500 се досега во орбитата. Сегашниот систем има лиценца за 4.408 сателити.