Се очекува дека Samsung во следните неколку дена ќе го претстави својот смартфон Galaxy A8s, кој најверојатно ќе биде првиот кој ќе има Infiniti-O дизајн на екранот, кој донесува мал кружен отвор за селфи камерата.

Дизајнот на претстојниот Galaxy A8s модел сега се појави на некои рендери кои покажуваат присуство на тројна задна камера и физички сензор за отпечатоци од прсти. Покрај тоа, на интернет се појавија и некои снимки на новите панели Infiniti-O, што ни дава реален поглед на отворот за селфи камерата на предниот панел.

Јужнокорејскиот гигант многу брзо ќе го лансира Galaxy A8s. Се очекува дека отворот на предната страна ќе има и селфи камера, како и сензори за близина и сензор за амбиентално осветлување.

Според извештајот на германскиот блог AllAboutSamsung, претстојниот Galaxy A8s ќе има панел речиси без раmki со благо задебелување на дното, не поголемо од она кај Galaxy S9 или Galaxy Note 9.