Firefox за Android доби редизајн, со најново ажурирање во Европа. Firefox Daylight ажурирањето овозможува подобро корисничко искуство, со нови оптимизации на прилагодување и некои поголеми измени.

Firefox за Android сега нуди Enhanced Tracking Protection, кој ги запира бројните ad-тракери за да не ги вознемируваат корисниците. Функцијата автоматски блокира многу познати екстерни трагачи. Private Mode сега е лесно достапен преку Firefox за Android почетниот екран, а корисниците имаат опција да креираат кратенки за приватно пребарување на своите почетни екрани.

Корисничкиот интерфеј, исто така, е редизајниран. Интерфејсот сега е почист и полесен за користење. Корисниците можат да го подесат URL полето во врвот или на дното на екранот. Тука е и опцијата Collections, која на корисниците им помага да останат организирани онлајн. Достапна е и новата Picture in Picture функција. Firefox за Android го поедноставува префрлањето помеѓу темната и светлата тема, кои може да се вклучуваат автоматски во одреден период од денот.

Останатите подобрувања вклучуваат поголеми брзини и подобри перформанси, што овозможува функциите кои неодамна стигнаа на десктоп да бидат достапни и на мобилните уреди.