По голем број гласини, конечно ги имаме финалните спецификации и фотографии од Moto X4.Според најновите информации кои што деновиве се појавија на интернет, новиот Moto X4 ќе располага со 5,2 инчен HD дисплеј, ќе работи на Snapdragon 630 процесор и ќе има 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија.

Се шпекулира дека Моторола ќе пласира посебна верзија на Moto X4 за азискиот пазар и таа верзија ќе се продава со 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија.

Под дисплејот ќе биде сместен традиционалниот скенер за отпечатоци на прсти, а предната камера со резолуција од 16 мегапиксели ќе може да снима видео записи во 4К резолуција. Што се однесува до задната страна, новиот Moto X4 ќе биде опремен со две камери – една од 8 и друга од 12 мегапиксели кои ќе ја вршат улогата за автофокус и широкоаголен сензор.

Најновиот адут на Моторола ќе има батерија со капацитет од 3.000 mAh, а исто така ќе може да се пофали и со сертификатот IP68, што значи дека телефонот ќе биде отпорен на вода и прашина.