Првиот лет со новиот хибриден мотор од 500 киловати ќе биде изведен следната година. Генералниот директор на истражувачкиот институт ФСБИ “Институт Н. Е. Жуковски” Андреј Дутов, потврди дека се прават последните контроли на новиот хибриден мотор.

„Електромоторот од 500 киловати е развиен. Следната година се надеваме дека ќе го направиме првиот лет. Ова е хибриден мотор. Во ова сме дури и пред конкурентите како Siеmens и Airbus“, вели Дутов.

Прототипот на моторот претходно бил демонстриран на авионскиот саем Max. Се верува дека новиот мотор ќе биде првиот чекор кон создавање на авион кој работи на електрична енергија. Според Дутов, објавувањето на првите 50 електрични регионални авиони е закажано за 2035 година.

Извор: IZ.ru