Нова студија од истражувачи од Интернационалниот монетарен фонд и Универзитетот „Џорџтаун“ открива дека електричните возила можеби ќе станат популарни повеќе од оние што функционираат на дизел и бензин. Истражувачите сметаат дека тоа ќе се случи многу брзо, односно дека до 2040 година можно е 90% од возилата да бидат електрични во САД, Канада, Европа и во богатите земји.

Истражувачите анализирале две сценарија. Едното базирано на тоа колку брзо јавноста ги прифати моделите Т на Хенри Форд автомобилите, а другото базирано на темпото со кое коњите биле напуштени како средство за транспорт. Значајна бројка на луѓе започнала да користи јавен транспорт во тоа време, па секој коњ бил заменет со автомобил.

До 2020 година се проценува дека електричните возила ќе бидат 5% проценти застапени во САД, а во раните 2040-ти процентот ќе порасне на 36%. Ако настапи сценариото на брза адаптација, 30% проценти од возилата ќе бидат електрични до доцните 2020-ти, а 93% до раните 2040-ти.

Некои други студии предвидуваат побавно приспособување, односно дека само 54% од возилата ќе бидат електрични до 2040-те. Сепак, цената на електричните возила ќе биде голем и важен фактор за тоа колку брзо ќе настапи овој процес. Моделот 3 на Тесла може да биде менувач на играта, со цена од 35 илјади долари.

И други производители на автомобили се дел од акцијата. „Фолксваген“ неодамна ја објави својата намера за креирање електрични верзии на автомобили до 2030 година, како и компанијата „Порше“.

Автомобилската индустрија се подготвува за големи промени, а владините тела прават напори да овозможат овие промени да настапат брзо. Велика Британија ќе забрани дизел-возила и возила на бензин до 2040 година, а Кина работи на распоред со слична легислатива.

Извор: Futurism