На локалитетот на кој се наоѓала резиденцијата на еден самурај од 15. век, во близина на Токио е пронајден закопан ќерамички сад со големи димензии.

Во него се наоѓаче 260.000 парчиња метални парички исковани во Кина.

Толкавото количество метални парички значително ја надминува вкупната сума на пари која била во оптек во тој регион, изјави археологот Јошиуки Такисе, пренесува американскиот магазин Archeology.

Пронајдените кованици, воедно, ја претставуваат и една од најголемите приватни ризници од тој период.