Instagram конечно се одлучи на борба против лајковите и коментарите на лажните корисници, кои ги генерираат разните надворешни апликации, а со кои сопствениците на профилите се користат за да ја зголемат својата популарност.

Instagram им објави војна на автоматизираните апликации кои луѓето ги користат за да оставаат несакани коментари или за следење и потоа бришење од листата на следени профили, во надеж дека ќе ја зголемат својата публика.

Имено, Instagram ќе ги отстрани профилите на луѓе кои ја злоупотребуваат оваа апликација и оние кои ги кршат правилата на оваа социјална мрежа. На сите луѓе кои се погодени со делувањето на спамерите, ќе им биде испратено предупредување во кои стои дека би требало што е можно порано да ја променат својата лозинка.

Најголемата социјална мрежа за споделување фотографии, исто така, ќе ги предупреди корисниците да не им даваат на другите компании податоци за пријавувањето на својот Instagram профил, бидејќи тоа може да доведе до хакирање или друг вид на злоупотреба на профилот. Значи, ако видите дека бројот на вашите следбеници се намалува, тоа се случува затоа што тие следбеници биле лажни или поради тоа што тешко ги прекршиле условите на користење.

Иако Instagram ги отстранува лажните сметки од 2014. година, ова е прв пат јавно да се расправа за оваа акција.

Кампањата за отстранување на лажните профили доаѓа сред скандалот во кој најголемите светски социјални мрежи се обвинети дека се користени како алатка за промоција на кандидати на одредени политички партии ширум светот, пишува Tech Crunch.