Астрономите се блиску до откривање на долгоочекуваниот предок на експлодирачките ѕвезди, а сето тоа го постигнале преку прегледување на архивските податоци на Хабл телескопот на НАСА, пренесува Science Daily.

Суперновата, наречена Тип Ic, се смета дека се детонира откако нејзината масивна ѕвезда ќе стане лишена од надворешните слоеви на водород и хелиум.

Овие ѕвезди би можеле да бидат помеѓу најпознатите масивни ѕвезди – барем 30 пати потешки од Сонцето. Дури и откако ќе изгубат дел од својот материјал кон крајот на животот, се очекува тие да останат големи и светли. Тоа беше и мистеријата зошто астрономите не можеа да направат слика од некоја од овие ѕвезди пред нивната експлозија.

Конечно, во 2017 година, на астрономите им се посреќи, кога една блиска ѕвезда го заврши својот живот како супернова тип Ic. Два тима на астрономи ја пребараа архивата на сликите на Хабл, за да откријат фотографии од претпоставената ѕвезда во пред-експлозивна состојба. Суперновата, регистрирана како SN 2017ein, се појавила во близина на центарот на блиската спирална галаксија NGC 3938, која се наоѓала околу 65 милиони светлосни години.

Ова потенцијално откритие може да даде увид во ѕвездената еволуција, вклучувајќи го и начинот на кој масите на ѕвездите се дистрибуираат кога тие се родени во групи.

“Пронаоѓањето на вистински предвесник на супернова Ic е голема награда при потрага на предците“, изјави Шујлер Ван Дик од Калифорнискиот институт за технологија (Калтех) во Пасадена, водечки истражувач на еден од тимовите. “Сега за првпат имаме јасно откриен предмет кој може да биде кандидат за таа улога“, додал тој.