Кинескиот гигант Huawei, еден од најбрзо растечките брендови во мобилната индустрија, особено во секторот за паметни телефони, е во потрага по начини за понатамошно проширување на своето влијание.
Кинескиот производител се повеќе се интересира за уредите со проширена реалност (Augmented reality) и веќе врши тестови со сопствени AР очила.
Ваквите планови во изјава за Си-Ен-Би-Си ги потврди шефот на Huawei, Ричард Ју, нагласувајќи дека уредот ќе создаде нова ера во развојот на технологијата. Проширената реалност е интересна иновација која ги комбинира дигиталните елементи со вистинската околина.
Ју е убеден дека Huawei може многу да им понуди на потрошувачите и да ги надмине своите конкуренти во индустријата. Шефот на компанијата додаде дека официјалната промоција на нивните први AR очила ќе се случи во следните две години.
Според аналитичарите, оваа година ќе бидат продадени околу 200 илјади очила со проширена реалност. Оваа бројка, сепак ќе се зголеми до 21,6 милиони парчиња во 2022 година, што е дефинитивен доказ дека корисниците допрва ќе пројавуваат интерес кон овие уреди.
Конкретните технички спецификации на AR очилата на Huawei се уште не се познати, а официјалната промоција најверојатно ќе биде пред крајот на оваа деценија.
Поврзани артикли