Apple ги освежи своите 15-инчни и 13-инчни MacBook Pro модели со некои клучни подобрувања. Проблемите со тастатурата, кои ги имаа многу корисници и кои ги воочи Apple, сега се исправени. Покрај ова, лаптопите добија и нови процесори.

Новиот 15-инчен MacBook Pro сега има Intel процесори од деветтата генерација, а основниот модел почнува од шестојадрен i7 процесор @2.6GHz (turbo boost до 4.5GHz). Следниот модел е осмојадрениот i9 процесор @2.3GHz, што прв пат е достапно кај MacBook лаптопите. Постои дури и прилагодена опција со осмојадрен i9 процесор, кој има основен так од 2.4GHz и turbo boost до 5.0GHz.

MacBook Pro моделите со екран од 13 инчи и TouchBar, исто така добија нови процесори. Основниот модел сега има осма генерација на четиријадрениот 2.4GHz i5 процесор, додека најмоќните модели пристигнуваат со четиријадрени i7 решенија. Сите останати спецификации остануваат исти.

Apple неодамна се префрли на “butterfly” механизам за тастурите на MacBook. Меѓутоа, голем број на корисници имаа проблеми со оваа тастатура. Apple истакнува дека вградил нови материјали како дел од механизмот, кои би требало да ја спечат појавата на проблеми.