Во постот на страниците на кинеската микроблогинг платформа Weibo, филијалата на Huawei го најави датумот на претставување на својот нов модел Honor 10 Lite.
Обелоденетите податоци, меѓутоа, не ги содржеа деталите за техничките карактеристики на уредот. Неколку часа подоцна, се појавија спецификациите, но на страницата на официјалната онлајн продавница на Huawei – Vmall.
Телефонот ќе има LCD екран со дијагонала од 5,84 инчи во 19:9 формат и нов Kirin 710 чип, во комбинација со преинсталираната GPU Turbo опција.
#Honor10 Lite With Dual Camera Setup to Launch on November 21 #Honor10Lite pic.twitter.com/9vzYSE1dt0
— E News Factory (@ENewsFactory) November 13, 2018
Сензорот за отпечатоци на прсти се наоѓа од задната страна на уредот, каде што е сместена и двојната камера.
Honor 10 Lite е достапен за преднарачки до 21. ноември, за кога во Пекинг е закажана официјалната промоција.
Деталните податоци за камерите, капацитетот на батеријата и можната компатибилност со SuperCharge полначот, се уште не се познати.
Honor 10 Lite to be released on November 21 #honor10lite https://t.co/fT6CH8ry3H pic.twitter.com/rWoramOJWQ
— Giz China (@Gizchina) November 13, 2018