Ulefone Power 5S се приклучува на редицата поголеми смартфони, откако производителот одлучи да им понуди на своите корисници одличен сет на функции: голем 6-инчен дисплеј, 13.000 mAh батерија која обезбедува до една недела траење на батеријата, безжично полнење и четири камери. Сега имате и видео каде новитетите се гледаат и во живо.

Новиот Ulefon Power 5S сега е достапен за преднарачка на AliExpress. Познавачите на смартфоните, велат дека моделот Power 5S својата главна придобивка ја има кај огромната батерија од 13.000 mAh. Производителот уверува дека уредот може да работи без полнење до седум дена. Таквиот паметен телефон е погоден за патувања и за луѓе кои постојано се на интернет. Полнењето трае само 2,5 часа.

Дисплејот на Power 5S е 6-инчен со сооднос од 18:9 и Full HD + резолуција. Екранот е заштитен од гребење со стакло Gorilla Glass 4. Го добивате со 4 GB RAM меморија иа 64 GB простор за складирање, со можност за користење мемориски картички до 256 GB.

Главната камера е двојна со резолуција од 21 мегапиксели (Sony IMX230) и 5 ​​мегапиксели. Поддржува снимање во портретен режим со ефект на замаглување на позадината. Ulefone Power 5S е достапен за претнарачка на AliExpress по цена од 209,99 долари.