Кинеската компанија претстави два нови преносни компјутера од линијата Mi Notebook Air – се работи за 13,3“ и 15,6“ модели кои се темелат на осмата генерација на Intel процесори.
Двата модела се опремени со FHD екрани (1920 х 1080 пиксели) и работат на Core i3-8130U процесорот. Помалиот модел во основната конфигурација има 8 GB RAM, а поголемиот 4 GB. Бидејќи имаат ист процесор, двата лаптопа имаат и ист графички систем – интегрираната Intel графика UHD Graphics 620.
Xiaomi и по прашањето на просторот за складирање не нудеше разлики – двата модела имаа почетен простор од 128 GB. За складирање на податоци се користи SSD меморија. 13-инчниот Mi Notebook Air доаѓа со поголем број конектори – 1x USB-C, 2x USB 3.0 (Type-A), 1 x HDMI и еден 3,5-милиметарски аудио влез. Од безжичните технологии поддржани се Wi-Fi (2×2 802.11 ac) и Bluetooth (4.1). Димензиите на 13,3“ Mi Notebook Air се 309,6 x 210,9 x 14,8 милиметри, а тежината изнесува околу 1,3 килограми. Цената е кинескиот пазар е околу 580 американски долари.
Покрај новиот 13,3“ Mi Notebook Air, Xiaomi го објави и освежениот модел на 15,5-инчен Mi Notebook Air. Покрај веќе постоечките модели со Core i5 и Core i7 процесори, на пазарот пристигна и послабиот модел со Core i3-8130U процесор. Бидејќи во куќиштето на 15,6-инчниот модел има повеќе место, Xiaomi во него вгради систем на ладење со 2+2 топловодни цевки и два вентилатора.
Моделот со поголем екран има и повеќе портови. Тука првенствено мислиме на Gigabit LAN портот. Преносникот има и 3x USB Type A портови (1x USB 2.0, 2x USB 3.0), 1x HDMI порт, читач на мемориски картички и 3,5-милиметарски аудио влез. Цената на 15,6-инчниот Mi Notebook Air на кинескиот пазар изнесува околу 490 американски долари.