Полициските сили во Дубаи веќе почнале да вежбаат на новите машини во нивниот возен парк – летечки мотоцикли. Силите на законот и редот во оваа метропола уште минатата година нарачале од овие „хувер бајкови“, како што ги нарекуваат, од руската компанија Hoversurf. Овие уреди за летање нема официјално да се користат се додека полицајците не бидат комплетно обучени за да ги користат.

Шефот на Одделот за вештачка интелигенција при полицијата во Дубаи, Халид Насер Алзаруки, вели дека летачките мотоцикли се уште се тестираат, но дека почетните испити биле успешно завршени.

Овие Hoverbike модели кое се користат во Емиратите се именувани како S3. Шасијата е направена од јаглеродни влакна, а електричниот мотор кој се користи е напојуван со 12,3 kWh батерија. Овој модел може да се користи и само како дрон, а ајо на него има возач, тогаш периодот на летање е намален на 25 минути.

Цената на Hoversurf S3 е 150.000 американски доалри по примерок.