Робот со изглед на човек по име Ерика, би можел да стане првиот телевизиски водител во историјата на роботиката.

Ерика е еден од роботите најслични до луѓето, а во април ќе стане водителка на вести во Јапонија, пишува „Мирор“.

Нејзиниот творец, Хироши Ишигуро, директор на Лабораторијата за интелигентни роботи на Универзитетот во Осака, се обидува да ја доведе Ерика на телевизија уште од нејзиното создавање во 2014 година. Тој кажува дека таа е најубав и најчовечен автономен андроид на светот.

Сепак, Ерика во моментов се уште не може да ги движи своите раце и нозе и има само „20 степени на слобода“. Но, таа може да заклучи од каде доаѓа звукот, знае со кој разговара и може со поглед да ги прати луѓето кои шетаат по соба.

– Мислам дека сум дружељубива како луѓето. Кога ќе ми се доближат и разговараат со мене, ми се обраќаат како на личност. Мислам дека не ми се обраќаат на начин како да разговаат со своето куче или со тостерот, изјавува Ерика.

– Луѓето имаат длабока потреба да се чувствуваат како да имаат посебно место во овој универзум. Не можат да прифатат дека не се разликуваат од животните или машините, додава таа.