Instagram додаде функција против вознемирување користејќи вештачка интелигенција за скенирање на фотографиите за да идентификува евентуално проблематични содржини.

Оваа функција автоматски ги препознава елементите на вознемирување и известува за содржините. Потоа вработените во Instagram анализираат дали фотографијата ќе биде отстранета или ќе остане, изјави директорот на апликацијата Адам Мосери.

„Тоа ќе ни помогне да идентификуваме и да отстраниме многу голем број вознемирувачки содржини“ изјави Мосери и додаде дека ова е голем чекор, затоа што многу жртви на малтретирање на пријавуваат вознемирување. Примената на функцијата постепено ќе биде распоредена во текот на наредните недели на целокупниот систем на Instagram. Мосери изјави дека вознемирувањето на интернет е сложено прашање за решавање и дека тимот на Instagram работи на тоа што повеќе да го ограничи.

Извор: N1info