Благодарение на оваа надградба, со гласот ќе може да се вклучи или исклучи телевизорот, да се промени програма, да се подеси јачината на гласност…

Panasonic на 30. октомври издаде ажурирање на фирмверот, кое на серијата европски 4К Smart телевизори издадени во 2018 им овозможи да соработуваат со уредите Google Assistant и Amazon Alexa. Благодарение на овој апдејт, корисниците ќе можат со гласот да го вклучат или исклучат телевизорот, да променат програма, да ја подесат јачината на гласноста и уште многу друго.

За да го инсталираат ажурирањето, корисниците треба да се осигураат дека нивните телевизори се споени на интернет.

При стартувањето на било која апликација на телевизорот која користи интернет врска – како, на пример, YouTube – pop-up прозорче ќе го прикаже повикот за инсталирање на надградбата. Кога ќе се доврши ажурирањето, телевизорот може да се подеси за спојување со компатибилни паметни звучници.