Првите траги кои укажуваат на Pixel телефони од средниот сегмент, поттикнуваат од јуни оваа година, кога беше забележан уред што работи на Snapdragon 710, со кодно име Bonito. Google не објави ништо кога е во прашање овој модел, но сега се појавија нови докази за неговото постоење.
Кодното име Bonito повторно е откриено, овој пат во рамките на кодот за најновиот ARCore APK. Како што е и вообичаено во ваквите случаи, нема информации за уредот, кој неочекувано е пронајден со уште едно кодно име – Sargo.
Нема гаранции дека овој уред е креиран од Google, но неговото име сугерира дека сепак тоа би можело да биде случај. Исто така, компанијата има тенденција да објавува мобилни производи во две големини, па постои шанса Sargo да е помала верзија на Bonito моделот.
Моментно, нема конкретни информации кога Google би можел да претстави смартфони од средниот сегмент, но неодамнешните гласини го споменуваа почетокот на 2019. година.