Се појави патент кој ни дава увид и идеја за тоа како би можел да изгледа паметен телефон на Xiaomi со селфи камера под екранот. Патентот го откри веб-страницата LetsGoDigital.

Патентот укажува на дизајн на телефон со рамен екран и тенки рамки. Во горната рамка се наоѓа рисивер за повици, додека камерата под дисплејот би можела да биде сместена во горниот лев дел или во средина на екранот.

Според деталите од патентот, кога се користи селфи камерата, областа на екранот станува проѕирна и го покажува сензорот. Кога не се користи екранот, дисплејот се враќа во нормална состојба и овозможува искуство на целосен екран. На задната страна на уредот се гледа вертикално поставен систем со три камери.

Како и секогаш кога патентите се во прашање, нема гаранција дека споменатото решение ќе биде официјализирано и имплементирано во конкретен производ.