Од компанијата AMD пристигнува GPU за кој се тврди дека е прв на светот кој е произведен во најнапредната 7-нанометарска технологија.

AMD беше прв со 55nm GPU, далечната 2007. година. Потоа следувапе првиот 40nm, после него првиот 28nm, потоа првиот 14nm, а пред неколку дена компанијата одлучи да го претстави новиот „Vega 7nm” GPU.

„Vega” најпрвин ќе пристигне на AMD Radeon Instinct MI60 графичките акцелератори, наменети за забрзување на машинската интелигенција и донесуваат поволни перформанси, кога се работи за процесирањето во FP64 прецизност, од дури 7.4 TFLOPS.

За GPU брзо да ги процесира податоци, AMD го спои со дури 32GB HBM2 меморија, овозможувајќи мемориски проток од 1 TB/s, со ECC корекција.

За да овозможи речиси целосно линеарно скалирање на перформансите со додавање на повеќе Radeon Instinct акцелератори, AMD ги опреми со „Infinity Fabric” линкови кои обезбедуваат проток од 200GB/s помеѓу четири поврзани акцеларатори.

Оваа сирова хардверска сила адекватно за да се искористи за акцелерација на најтешките задачи од доменот на машинската интелигенција, AMD лансираше најнова верзија на својата отворена софтверска платформа – ROCm 2.0.

Оваа платформа е дизајнирана да овозможи забрзан развој на енергетски ефикасните хетерогени компјутерски системи со високи перформанси.