Три големи астероиди ќе прелетаат во близина на Земјата на 10. ноември, објави „Мирор“, повикувајќи се на НАСА.
Најголемиот астероид има дијаметар од 30 метри.
Првиот астероид – 2018 VS1 ќе се доближи максимално до Земјата во 14,03 часот по Гринич (15,03 ч. македонско време). Должината е од 13 до 28 метри, а траекторијата ќе биде оддалечена 1.386.772 км од нас.
Само 16 минути подоцна крај Земјата ќе прелета астероид со дијаметар од 30 метри – 2018 VR1. Но, тој ќе биде уште подалеку – 5 милиони километри.
Вечерта – во 18,21 часот по Гринич (19,21 по македонско) крај Земјата ќе прелета астероидот 2018 VX1 кој е широк 17 метри. Тој ќе се приближи најмногу до нас – на 381.474 км.
Иако овие растојанија изгледаат големи, НАСА ги класифицира како „блиски прелетувања“.