Австриските научници откриле минијатурен предок на белата ајкула и мегалодон, кој живеел за време на периодот Јура пред 165 милиони години.

Структурата на забите на ајкулите кои биле и се уште се брзи предатори, од кои повеќето имаат тело со облик на торпедо, им помогна на научниците да ја идентификуваат како предок на денес познатата бела ајкула.

Под водство на палеонтологот Патрик Џамбур од Универзитетот во Виена, научниците спроведоа КТ скен со висока резолуција на бела ајкула и пронајдениот фосилен остаток. Како резултат на тоа, беше пронајден заедничкиот предок. Античките риби од видот Palaeocarcharias stromeri, кои живееле во плитка вода пред 165 милиони години, имале иста структура на заби, но имале сплескана форма на телото. Биле не повеќе од еден метар во должина, што е 5 пати помалку од просечната модерна бела ајкула.