Градот всушност би требало да биде тестен полигон за развој на блокчеин технологијата за користење во урбано опкружување.

Иако лудилото за криптовалути е зад нас и се чини дека пазарот се смири. Но, оние кои во текот на лудилото заработиле милиони (а некои и милијарди) се размислуваат што ќе прават со парите. Еден таков криптомилионер дојде на идеја на создавање на паметен град заснован на блокчеин технологија среде американска пустина.

Џефри Бернс планира да претвори 27 илјади хектар на северот на сојузната држава Невада во град на иднината. Наводно само земјиштето го платил 170 милиони долари, а колку уште ќе вложи во развој на паметниот град не е познато.

Засега ова подрачје се нарекува „Innovation Park”, А Бернс таму го смести седиштето на својата компанија Blockchains, која се занимава со вложувања во блокчеин технологија. Во близина се некои од големите технолошки џинови како Apple, Google и Teslа.

Зборувајќи за својата визија, Бернс рече дека градот ќе биде „нов облик на деловна и резиденцијална заедница. Градот всушност би требало да биде тестен полигон за развој на блокчеин технологијата за користење во урбано опкружување.

„Innovation Park ќе биде паметен град со децентрализирана глокчеин инфраструктура која ќе биде во позадина на сите интеракции. Главната предност на вакиот модел на град е поголемата контрола над личните податоци. На пример, жителите ќе можат работат, гласаат и сместуваат податоци во блокчеин, без вклучување на посреднички компании или влади. Ефикасноста, одржливоста, транспарентноста и сигурноста нема да бидат компромитирани, туку гарантирани”, порачуваа од компанијата на Бернс.

Блокчеин технологијата нема да биде единствената напредна технологија во овој „град на иднината”. Во план е и вградување и на вештачка интелигенција, 3D печатење и нанотехнологија, а низ градот би се движеле автономни електрични возила. Се би користело електрична енергија, која би се произведувала од обновливите извори како сонце и ветар, а жителите би ја рециклирале и водата.