Телескопот Kepler помина девет години набљудувајќи го космосот. Тој успеа да идентификува илјадници егзопланети, а во 2018 година остана без гориво.

Се поставува ново прашање – на колку од нив е можен живот каков што го знаеме тука на Земјата?

Нашата галаксија има многу потенцијални егзопланети – NASA тврди најмалку 300 милиони. Низ целиот свет, научниците ги разгледаа извештаите на Kepler и се чини дека сега постигнаа барем некаков консензус.

Имено, The Astronomical Journal објави дека во Млечниот Пат има околу 300 милиони на кои би можело да има вода за пиење, а со тоа и живот каков што го знаеме. Се разбира, ова се само приближни проценки и како што велат од агенцијата NASA, можно е да има многу повеќе.

Некои се прилично блиску до нас (се разбира според вселенските стандарди), па така, најблиската е на 20 светлосни години од Земјата.

„Иако овој број на планети не е конечен, а вода на површината е само еден од многуте фактори што ја прават една планета погодна за живеење, многу е возбудливо што знаеме дека постојат такви светови“, рече Стив Брајсон од NASA.

Извор: B92.net