Без оглед на сите негови недостатоци, Yugo засекогаш ќе остане во срцата на многумина

И покрај тоа што не се произведува веќе десет години, не е заборавено ниту од некои интернационални автомобилски ентузијасти.

Гордоста на југословенската автомобилска индустрија во светот е продаден во повеќе од 800.000 примероци, па токму затоа и се памети вон границите на некогашна Југославија.

Еден од оние кои добро го запомниле е дизајнерот Мајкл Меркел, што моделот му послужил како инспирација за неговите дигитални дизајнерски дела. Мерклер ни дава увид во тоа како би можело да изгледа современото Yugo кое ја преживеало транзицијата и се претворило во вистински „спортист“.

Под името Yugo GT 5000 Concept, гледаме автомобил Yugo кој тешко дека на овие простори некој може да го замисли, со големина на Chrysler 300 C, LED светла, 20-инчни тркала и гуми со ширина од 265 mm.

Под хаубата на овој концепт, според дизајнерот треба да се постави 5.0-литарски V8 мотор со турбополнач и погон на предната оска. Преносот на моќта е преку осум-брзински автоматски менувач.

Ова Yugo „развива“ 600 КС, од место до 100 km/h забрзува за 2,8 секунди со максимална брзина од 320 km/h.

Добра идеја, нема што.