Откако лимитот на знаци во еден твит беше проширен на 280, само 1% од корисниците на Twitter објавуваат содржина со максимална должина, а само 12% од твитовите содржат повеќе од 140 знаци.

Помина една година откако Twitter ја воведе можноста за објавување на твитови со 280 знаци, откако претходно лимитот беше поставен на 140. Парадоксално, од социјалната мрежа објавија дека оттогаш твитовите во просек станале пократки и попристојни.

На пример, корисниците на Twitter од англиското говорно подрачје пишуваат статуси во должина од 33 знаци во просек, што е за еден знак помалку од пред да биде воведена измената за проширување на должината на твитовите. Откако беше воведена измената само 1% од корисниците објавуваат содржина со максимална должина, а од нив само 12% решаваат да искористат повеќе од 140 знаци во твитот.

„Луѓето кои објавуваат содржина со 280 знаци почесто пишуваат ‘молам’ (54%) и ‘фала’ (22%), но и често користат кратенки“, пишува во извештајот од Twitter.

Истиот тренд беше забележан кај корисниците од сите јазични подрачја.

Во ноември 2017 година Twitter започна мала револуција со тоа што го прошири лимитот од 140 на 280 знаци.

Извор: B92.net