По тој повод, на денот на отварањето, 1 јуни (четврток) сите производи од палетата на Apple ќе бидат на промоција.

Во четврток на 1 јуни 2017 во 9:30 часот во Skopje City Mall повторно се отвара една од најпознатите брендирани продавници Apple Premium Reseller. По тој повод на денот на отварањето сите производи од палетата на Apple ќе бидат на промоција.

Во Македонија iSTYLE за прв пат беше отворен во 2012 година комплетно брендиран од Apple и како таков влезе во мрежата на познатите продавници од цел свет.  Денес во Македонија е еден и единствен кој гордо го носи името на Apple Premium Reseller брендот.

Поминаа 4 години од денот кога за прв пат iSTYLE беше отворен па поради тоа дојде време и за комплетно реновирање и мало проширување. iSTYLE на 1 јуни ќе добие комплетно нов изглед каков што купувачите на Apple и очекуваат.

Потполно ново осветлување и многу светлина во самиот продажен салон. Исто така iSTYLE ќе добие и едно мало, посебно и ефектно катче за моќните производи на Beats. Но, ова е само еден мал дел од она што ќе го видите во четврток.

ПРОМОЦИИ на денот на отварање:

Иако iSTYLE како бренд не е нов во Македонија сепак на 1 ЈУНИ ќе им овозможи на своите верни купувачи многу промотивни и неверојатни понуди.

MacBook Air 13” за 47.990 МКД – Заштеда од 19.500 МКД
iPhone 7 32GB за 39.990 МКД – Заштеда од 7.500 МКД
MacBook Pro 13” (2015) за 69.990 МКД – Заштеда од 15.500 МКД
iPhone SE 16GB за 19.990 МКД – Заштеда од 10.910 МКД

Како и до 50% попуст на оригинални додатоци од палетата на Apple. Пошироката понуда можете да ја погледнете на istyle.mk.

Промотивниот текст е преземан од iMagazin.mk