„Instagram – апликацијата за споделување фотографии, не ги шпионира приватните разговори на своите корисници за подоцна да им праќа насочени реклами“ – изјави денеска директорот на апликацијатѕа, Адам Мосери, во интервју за американската телевизиска мрежа CB“.

„Не ги гледаме вашите пораки, не ги слушаме вашите разговори. Би било многу проблематично доколку го правиме тоа. Меѓутоа, Свесен сум дека ќе ви биде тешко да ми поверувате“ – изјавил Мосери.

Директорот на Instagram, филијала на Facebook, одговори на тоа прашање на новинарите, бидејќи на корисниците на Инстаграм им се појавиле реклами за одредени производи кои претходно ги спомнувале во нивните разговори на Инстаграм.

Прашањето на доверливоста на податоци на корисниците на социјалните мрежи е чувствителна тема со која се соочува и Facebook по скандалот од 2018. година со податоците на девојчето кои ги презела фирмата „Cambridge analytica“.

Мосери го насочил вниманието и на технологијата за правење различни видео снимки на кои на некои популарни личности може да им се “стави во уста“ некоја изјава која никогаш не ја кажале. Тој вид видео снимки ги нарекол “длабоко лажни“ (deepfake).

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, кон крајот на месец мај се налутила на Facebook, бидејќи таа социјална мрежа одбила да ги повлече Deepfake снимките на кои изгледа дека зборува како да е под дејстово на алкохол. Мосери изјавил дека сè уште не постои политика против таквите снимки и додал дека Инстаграм се обидува да направи рамнотежа помеѓу безбедноста и слободата на изразување, што и не е толку лесно.

Извор: B92.net