Volkswagen и официјално го најави враќањето на нивното легендарно хипи-комбе во 2020 година. Според последните вести од производителот, овој пат доаѓаат две варијанти кои ќе бидат исклучиво електрични модели на легендарниот минибус.
Една верзија ќе биде за комерцијална употреба, додека втората ќе биде концепт за превоз на патници. Легендарниот минубус од 60-тите и 70-тите години на минатиот век може да биде нов хит на автомобилскиот пазар, затоа што Volkswagen во 2013 година престана да произведува делови за минатите модели, откако стана јасно дека истите можат да преставуваат опасност во сообраќајот.
Новите планирани модели ID Buzz и ID Cargo најверојатно ќе имаат и безпилотни варијанти, за кои исто така се прогнозира појавување на пазарот за најдоцна 2 години. И двата модела ќе имаат батерија која ќе овозможи поминување на 550 киометри со едно полнење. Инаку, ID Buzz официјално беше преставен на саемот во Детроит уште минатата година.
https://youtu.be/XSXrqcCSJ34