Досега, три броја на модели се поврзани со идните верзии на Galaxy S10 серијата: SM-G970, SM-G973 и SM-G975, а ова би требало да бидат Galaxy S10 Lite, S10 и S10+ моделите. Појавата на четвртиот модел пристигнува како своевидно изненадување.

Нов додаток во линијата е SM-G977, а единствени варијации на овој модел се американскиот SM-G977U и јужнокорејскиот SM-G977N. Европскиот SM-G977F модел се уште го нема на радар, што сугерира дека оваа верзија на телефонот не е предалеку отидена во развојот како трите главни варијанти на уредот.

Постојат големи шанси новиот број на модел да и припаѓа на 5G варијантата, на која работи Samsung, што би објаснило и поради што нема европска верзија. Компатибилностa помеѓу 5G мрежите ќе им создава голем проблем на производителите, а ова можеби е причината поради која европската верзија малку доцни во развојот.