Соосновачот на Apple, Стив Вознијак смета дека луѓето би требало да го изгасат Facebook доколку сакаат да имаат приватност. Вознијак вели дека компанијата ја загрозила приватноста на корисниците и дека единствен начин да се ослободат од тоа е да ја напуштат мрежата.

Некогаш накблискиот соработник на Стив Џобс тврди, и посебно истакнува, дека преку Facebook апликацијата е можно да се слушаат телефоните и предупредува дека “речиси да не постои начин тоа да се спречи”.

Вознијак го напушти Facebook минатата година, бришејќи го својот профил по скандалот со Кембриџ Аналитика. Тој го повика секого кој е загрижен за сопствената приватност да го направи истото.