Apple не само што е најпрофитабилната технолошка компанија, туку е и на врвот на листата која ги вклучува сите компании ширум светот.
Со широк спектар на производи кои ги нуди Apple, од паметни часовници до компјутери, претпоставката би била дека тие се производите извор за нивниот рекорден профит.
Ова е точно, но не целосно. Секако, паметните телефони ѝ носат најмногу пари на компанијата, со оглед на тоа дека е третиот најголем производител на паметни телефони во светот. Меѓутоа, она што следува после телефоните не е iPad или MacBook лап топ, туку станува збор за комбиниран приход остварен од услугите на Apple. Ова ги вклучува iTunes, Apple Music, App Store.
Според проценките на Филип Елемер Девит, аналитичар кој одблиску ја следи оваа компанија предвидува дека приходите кои доаѓаат од услигите на Apple ќе достигнат 10,3 милијарди долари во последното тромесечје за фискални во 2018 година. Ова е раст од 21 % во однос на претходната година.
Растечката важност на услугите како дел од приходите не е изненадувачка. Бидејќи пазарот на Apple е заситен со уреди кои обезбедуваат соодветни перформанси долго време, се очекува трошењето на софтверот да го преземе приматот.
Apple е добро запознаен со овој тренд и се фокусира на подобрување на своите услуги. Екосистемот на компанијата веќе претставува еден од најважните фактори кој ги спречува корисниците на Apple да се префрлат на конкурентските производи и услуги.
Apple за неколку денови ќе ги објави официјалните приходи, за време на нивниот финансиски извештај од 1 ноември кога ќе погледнеме колку точно пари софтверот ѝ носи на компанијата.
Извор: B92.net