Технологијата за препознавање на лица се развива со се поголема брзина и успева да детектира се повеќе елементи со што обрачот околу надгледуваните граѓани се повеќе се затега.

Кога станува збор за Rekognition – Amazon Web Services технологија за препознавање на лице, од компанијата велат дека сега може да детектира и страв, што е еден од важните фактори за контрола, со оглед на тоа што многу влади веруваат дека ако некој не е виновен, нема за што да се плаши.

На блогот на Amazon Web Services неодамна беше објавен текст во кој што се открива дека контроверзната технологија има неколку ажурирања, меѓу кои е и опцијата за детектирање на седум чувства на човековото лице.

Станува збор за среќа, тага, бес, изненаденост, одбојност, смиреност и збунетост, по што на крајот како осмо им се приклучи и стравот.

Оваа вест наиде на бројни критики и многумина сметаат дека ова е погрешно време за „фалење“ со ваква технологија, посебно откако во јуни беше стопирано тестирањето на контроверзната Amazon Face ID технологија.

Извор: PC Press.rs