Се чини дека денес никој не се одвојува од својот телефон ни за кратко, а без оглед што секако е корисно да го имате целокупното знаење за светот во вашиот џеб, постојаната поврзаност може да биде и извор на вознемиреност и стрес. Paper Phone, апликација за Android сака да помогне во дигиталниот детокс, користејќи ја најстарата технологија, хартијата.

Апликацијата е дизајнирана за „луѓето кои сметаат дека трошат премногу време на своите телефони и се борат да пронајдат рамнотежа со технологијата“, тврдат програмерите. Нуди пауза од времето поминато на екранот, со печатење лична брошура на информации од телефонот на корисникот, кои му се потребни за денот, како што се контакт информации, мапи и распореди на состаноци. Може да печатат и „хартиени апликации“ за рецепти, брошури со фрази или белешки.

Откако ќе се инсталира, апликацијата ги води корисниците низ процесот на експортирање на нивните избрани информации, било со печатење или снимање во PDF фајл. Содржината потоа се печати во брошура која можете да ја свиткате и да ја носите со себе во текот на денот. Проектот е дел од колекцијата Experiments with Google, прикази на иновативни проекти и апликации кои работат на Google производите како што се Chrome и Android или користат платформи од трети страни како Unity.

Апликацијата за печатење доаѓа на пет нови апликации на Google кои имаат за цел да го намалат времето поминато на екранот. Со се поголемата загриженост на јавноста за количината на времети што го поминуваме на нашите уреди, посебно во случајот на децата, многу луѓе бараат начини да ја намалат нивната зависност од телефоните и другите уреди.

Paper Phone можеби не е исклучително практична опција за редовно користење, но обезбедува забавен и привлечен начин на ден или два да се оддалечите од вашиот паметен телефон. Достапна е за бесплатно преземање од Google Play Store.