Научниците може да го измерат нивото на страв и стрес во киносалите, што, пак, филмската индустрија може да го користи како објективен метод за да се утврди дали филмот е погоден за помладата публика.

Научниците од хемискиот оддел на Институтот „Макс Планк“ откриле дека нивото на изопрен во кината е значително повисоко кога се прикажуваат филмови што нè прават напнати и нервозни.

Изопренот е хемикалија што телото ја ослободува кога е во движење.

„Очигледно е дека ние се движиме несвесно напред и назад на седиштата или ги затегнуваме мускулите кога сме нервозни или вознемирени“, објасни водителот на истражувањето, Џонатан Вилијамс.

Научниците го мереле нивото на изопрен за време на 135 проекции на 11 филма.

Целта беше да се утврди дали постои објективен метод за да се утврди кој филм за која возраст е соодветен. Сегашните методи се сосема субјективни.