По скандалот со британската фирма Кембриџ Аналитика, која стигнала до приватните податоци од Фејсбук профилите на дури 50 милиони луѓе и ги злоупотребила, главното прашање кое многумина си го поставуваат е зошто воопшто некој се чуди дека тоа се случило.

На крајот на краиштата, Марк Цукерберг во 2010 година ги нарече корисниците на најголемата социјална мрежа глупави затоа што му веруваат.

„Луѓето тоа ни го дадоа. Немам поим зошто“, изјави Цукерберг за илјадниците пораки на е-пошта, фотографии и адреси во кои имал увид во секој момент.

Така што, сега е доцна за изненадување, но не е време за страв. Сè повеќе луѓе сфаќаат дека „Фејсбук“ и другите технолошки гиганти имаат огромна количина податоци за сите нас.

„Фејсбук“ и „Гугл“ имаат информација не само за тоа што сте пребарувале туку и за локациите на кои сте ги користеле паметните телефони, колку дневно се движите, кога, па дури и податоците за кои сте биле убедени дека сте ги избришале.

Дилан Куран објавил на „Твитер“ дека можете да дознаете што знаат „Фејсбук“ и „Гугл“ за вас. Податоците за себе од „Гугл“ можете да ги отстраните тука, а од „Фејсбук“ тоа можете да го направите овде. „Сакате да се шокирате? Ќе ви покажам колку вашите податоци на ’Фејсбук’ и ‘Гугл’ ги чуваат, а вие не знаете за тоа.

Ова секако е местото што сум го посетил во последните 12 месеци во Ирска, дури и бележи во кое време од денот сум бил и колку ми требало од едно до друго место“, вели Куран.

„Гугл“ ги памети вашите пребарувања за сите уреди во посебна база на податоци, па дури и кога ќе ја избришете историјата на пребарувања.

„Гугл“ креира профил за реклами во зависност од информациите што ги има за вас, од вашите локации, пол, возраст, хоби, кариера, до интерес, статус на врска, тежина и приходи.

„Гугл“ ги подготвува информациите за секоја апликација и екстензија што сте ја користеле, колку често, каде и со кого одите да спиете.

„Гугл“ ја чува целата ваша историја на „Јутјуб“ па знае дали наскоро ќе станете родители, дали сте конзервативни, прогресивни, дали сте Евреин, христијанин, муслиман, дали сте депресивни, суицидни, анорексични…

„Гугл“ нуди опции да ги тргнете сите податоци кои ги има за вас. Јас побарав и утврдив дека мојот фајл има 5,5 GB, што е околу три милиони документи во Ворд .

Овој линк ги вклучува вашите сајтови фаворити, мејлови, контакти, Гугл драјв, Јутјуб снимки, фотографии што сте ги снимале со телефон, компании од каде сте купувале и генерално, се што сте купиле преку „Гугл“.

Вашиот календар, Google Hangouts, историја на локација, музика што сте ја слушале, Google Books, групи во кои сте биле, страници што сте ги создале, телефони што сте ги имале, страници што сте ги поделиле, број на чекори во текот на денот што сте ги направиле.

„Фејсбук“ нуди слична опција за отстранување на податоците за вас. Тоа ги вклучува сите пораки што сте ги испратиле или примиле, сите документи, контакти од мобилен и сите аудиопораки.

„Фејсбук“ исто така ги чува сите ваши мисли кои ви се интересни на темел на вашите лајкови или теми за кои сте се допишувале со пријателите. Помалку бесмислено, но ги чува и стикерите што сте ги испраќале. Исто така го чува секој момент кога сте се логирале на „Фејсбук“, од каде и од кој уред.

Ги чуваати  сите апликации кои сте ги споиле со својот профил на „Фејсбук“, па може да погоди дали ве интересира политика, веб-дизајн, графички дизајн.

Тука ги вклучува и следењето каде се наоѓате во секој момент, кои апликации сте ги инсталирале, кога ги користите, пристапот на вашата веб-камера и микрофон, вашите контакти, календар, историја на повици, пораки што сте ги испраќале и примале, документи, игри што сте ги играле, музика што сте ја слушале, историја на пребарувања, радиостаници што сте ги слушале. Ова е најлудата работа, не сакаме владата и корпорациите да нè прислушкуваат, но самите во своите домови ги имаме внесено микрофоните и камерите.

Ова е само почеток, само изгребавме по површината, но бидете убедени дека „Гугл“ и „Фејсбук“ за вас знаат можеби и повеќе од тоа што знаете самите за себе. Сетете се на тоа следниот пат кога ќе се чекирате на вашата омилена социјална мрежа.

Извор: Reporter.mk