Тајванската компанија HTC ја објави можноста за “ран пристап” (early access) до својот прв блокчеин мобилен уред под ознаката EXODUS 1.
Раниот пристап до првиот блокчеин мобилен телефон во светот сега е отворен, а доставките ќе започнат во декември оваа година. Се работи за моделот EXODUS 1 на тајванската компанија HTC, еден од пионерите на пазарот на паметни телефони.
Телефонот може да се нарача само со крипто-валута – биткоин или етереум – од веб-страницата на HTC Exodus 1, што се случува за прв пат во индустријата, нагласуваат од HTC. Раната верзија на моделот е достапна за 0,15 биткоини или 4,78 етереуми.
Exodus 1 работи на процесорот Qualcomm Snapdragon 845, надополнет со 6GB RAM и 128GB складирање. Моделот има голем 6-инчен Quad HD + екран во сооднос 18: 9, двојна камера од 12MP + 16MP и 8MP двојна предна камера со „боке“ ефект. Телефонот е IP68 сертифициран за отпорност на прав и вода и е опремен со 3500 mAh батерија.
Пристап до HTC Exodus 1 може да се добие преку Програмата за ран пристап. Телефонот ќе биде достапен во 34 земји, вклучувајќи ги САД, Тајван, Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Велика Британија, Австрија, Норвешка и други европски земји.