Koenigsegg Agera RS официјално е најбрзиот продукциски автомобил на светот кој може легално да се вози по јавните сообраќајници.

Во текот на двата обиди во Невада, измерена е просечна брзина од 277,9 милји на час (444,6 км/ч).

Со тоа, овој модел на шведската компанија која се занимава со производство на суперспортски автомобили во мали серии, за кратко време собори уште еден брзински рекорд кој пред него го држеше моделот на Bugatti.

Овојпат, моделот од фабриката на Koenigsegg го симна од тронот Veyron Super Sport, кој во 2010 година на тест-патеката во Германија забележал максимална просечна брзина од 431 км/ч.

Најновиот рекорд зад воланот на Agera RS го постави тест возачот на Koenigsegg, Никлас Лилја, а истиот е измерен по правилата на Гинисовата книга на светски рекорди и е официјално потврден од таа организација.

За време на првото возење биле измерени 272 милји на час (437,7 км/ч), а за време на второто дури 284,3 милји на час (457,5 км/ч).

Погледнете го видеото од рекордното возење:

Меѓутоа, се поставува прашањето колку Agera RS ќе остане на врвот, со оглед на тоа што Bugatti уште претходно најави дека неговиот нов модел, Chiron, ќе биде најбрзиот сериски автомобил на светот.

Уште една конкуренција пристигнува од другата страна на Атлантикот, каде компанијата Hennessey кон почетокот на ноември го претстави својот нов хиперспортски автомобил – Venom F5, за кој произведувачот тврди дека може да развие дури 300 милји на час (482 км/ч).

Извор: B92.net