За дизајнот и деталните спецификации на Xiaomi 12X во моментов може само да се шпекулира, но повеќе информации би можеле да бидат откриени веќе следниот месец.

Qualcomm наскоро ќе го претстави својот најмоќен мобилен чип досега, Snapdragon 898, кој речиси сигурно ќе го покренува претстојниот водечки паметен телефон Xiaomi 12. Но, според информациите објавени на Твитер од популарниот дојавувач Каспер Скржипек, на новата серија уреди на компанијата ќе и се придружи и помал уред.

Станува збор за Xiaomi 12X со кодно име Psyche, кој треба да работи со Snapdragon 870 чипсетот на Qualcomm. Наводно ќе има 6,28-инчен FullHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz и HDR10 сертификација и камера од 50 MP, со која веќе имавме можност да се запознаеме на Mi 11 Ultra.

Моментно не е сигурно дали овој уред воопшто ќе стигне на светскиот пазар, но според Скржипек сигурно нема да се појави во Индија. Се претпоставува дека Xiaomi следниот месец во Кина ќе го претстави заедно со стандардните модели 12, 12 Pro и Ultra и дека најверојатно ќе послужи како своевидна замена за популарниот Mi 11 Lite.

Не е тајна дека пазарот на паметни телефони е заситен со големи уреди, па корисниците се повеќе бараат помали димензии на екранот, што меѓу другото, го потврдува и фактот дека претстојниот Samsung Galaxy S22 ќе биде значително помал од своите претходници.