Елон Маск објави видео од речиси комплетираниот тунел во Лос Анџелес што го гради неговата фирма Boring Company. Крајна дестинација на тунелот е интернационалниот аеродром на Лос Анџелес, и има дополнителен излез кај седиштето на неговата останата компанија SpaceX.

Маск истакна дека тунелот е речиси завршен, се чека само одобрувањето на регулаторната комсија која ќе и овозможи на компанијата да започне да и нуди бесплатен превоз на јавноста пред крајот на летото.

Иако луѓето подоцна ќе треба да плаќаат за да ги користат услугите, Маск гарантира дека цените ќе бидат поевтини од автобуски билет.

Ако тоа е навистина така, тогаш електричните шатлови лесно би можеле да станат најпопуларен начин за патување.

https://www.instagram.com/p/BinoVT6Acpd/?utm_source=ig_embed

Маск исто така потсети дека тунелите секогаш ќе даваат приоритет на шатловите што превезуваат пешаци и велосипедисти. Автомобилите се уште ќе можат да ги користат, но предноста ќе биде кај пешаците.

Маск на Twitter исто така објави дека веќе е почнато да се ископува тунел помеѓу Вашингтон и Њујорк.

Исто така, компанијата се надева дека ќе почне со ископување на нов тунел помеѓу Лос Анџелес и Сан Франциско. Овој тунел ќе биде опремен со вистински hyperloop систем, чии шатлови во вакумираните цевки ќе можат да достигнат брзина поголема од авион на млазен погон.