Роботот-куче Спот ги манифестираше своите танцувачки способности во ритмот на песната „Uptown Funk“.

Творец на Спот е компанијата „Бостон Дајнамикс“, која е еден од пионерите во производството на роботи.

Покрај своите танцувачки вештини, на презентацијата Спот ги покажа и своите способности да совладува препреки.