Кога ќе стане критично, направете некои од овие работи за брзо да ја ослободите меморијата на својот смартфон или таблет

Ова ни се случува на сите – потребно е нешто да завршиме на телефонот, но нема доволно место во меморијата. Ова можете брзо да го решите со некои од триковите што се пред вас.

Набрзина создадете место во телефонот на овој начин: 

  • Избришете ја кеш меморијата на сите интернет прегледувачи
  • Тоа истото направете го со Facebook и Messenger апликациите (повторно ќе ви побара да се најавите)
  • Избришете многу стари SMS пораки кои повеќе не ви се потребни
  • Отстранете ги сите „offline“ поставки (страници, YouTube видео, музика)
  • Избришете ја содржината на „Downloads“ фолдерот (сите ставки кои не ви се потребни)
  • Вклучете ја Google Photos опцијата која ги отстранува дуплираните слики во меморијата
  • Исчистете ги сите прегледани филмови и видео фајлови што не ви се потребни

Погледенете го видеото на CNet, ќе ви даде уште некој совет за ова…