Забите биле луксуз кои желките го имале пред милиони години, а според фосилните докази, тие сепак не го добиле својот оклоп заедно со губењето на забите.

Во 2008 година, палеонтолозите откриле остатоци од еден вид на рептил амфибија со долга опашка, кој живеел во Кина пред 220 милиони години. Тој бил идентификуван како праисториска желка, немал оклоп, но имал мали заби.

Денес, научниците, пак, ја откриле и спротивноста на овој вид, односно примитивна желка со беззабен клун, и без оклоп. Веста за најновото откритие била објавена во вторникот, во научниот дневник Nature.

„Суштеството било долго 1,8 метри, со чудно тело налик на диск, долга опашка и чуден клун“, рекол чикашкиот палеонтолог Оливер Рајпел, еден од коавторите на научниот труд објавен во Nature.