Wall Street Journal врз основа на информациите од анонимни извори, истакнува дека Facebook верува дека спамерите се одговорни за хакерскиот напад во обид да заработат преку рекламирањето базирано на измами.

Facebook неодамна истакна дека се украдени логин токени на околу 30 милиони корисници (на оваа страница можете да видите дали сте помеѓу нив), а истакнато е дека напаѓачите ги украле деталите за профилите и контакт информациите.

Во извештајот се споменува дека интерните истражувачи веруваат дека луѓето, кои стојат зад нападите, всушност се постоечки Instagram и Facebook спамери кои водат “дигитална маркетинг компанија”.

Засега тешко е да се знае дали навистина се работи за спамери, кои се причина за повреда на безбедноста на корисниците на Facebook, и дали ова некогаш ќе биде разрешено. Од Facebook пристигнуваат информации дека FBI работи на истрага, а дека нападот не е поврзан со претстојните избори во САД.